Според првичните информации претресите се поврзани со случајот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“, во кој што освен Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Објавил: Владо Марин | 23 март, 2021 19:26

Претрес во станот на Груевски

Фото/Текст извор: ©фокус

Обвинителството за гонење на организиран криминал врши претрес во станот на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој сега е во бегство, дознава „Фокус“, од доброупатени извори.

Според првичните информации претресите се поврзани со случајот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“, во кој што освен Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Како што неодамна откри неделникот „Фокус“, освен плацевите на Водно, во истрагата биле откриени и уште неколку стана на Груевски, односно два нови во зградата на „Бихачка“ каде што пред бегството живееше во стан дуплекс.

На бизнисменот Орце Камчев му беше одреден притвор како осомничен во овој случај, иако се гони и за „Имеприја“.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција неодамна споделија детали за истрагата, односно дека најпрвин Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиски донации кои ги добивал лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување на градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница.

Овој предмет го отвори сега згаснатото СЈО, односно надлежен обвинител е Лиле Стефанова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести