Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните? И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?

Објавил: Македонка Димкин | 1 февруари, 2019 10:53

Приказната за сиромашниот старец кој продавал јајца го освои светот!

Фото/Текст извор: ©приказна / магазин.мк

Една жена го праша старецот: “Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач и одговорил: “6 денари јајце, госпоѓо.
Таа му рече: “Ќе земам 6 јајца за 30 денари или ќе заминам”. Стариот продавач пак: “Дојдете да ги земете по цената што ја сакате, можеби ова е добар почеток, бидејќи денес сеуште не сум продал ниту едно јајце.

Госпоѓата облечена со скапи бунди ги зеде јајцата и си замина со чувството дека победила. Влезе во нејзиниот скап автомобил и појде во еден луксузен ресторан каде ја чекаше нејзиниот сопруг.

»Таму таа и нејзиниот сопруг нарачаа што им душа посака. Од нарачаното изедоа дел, додека поголем дел го оставија. Потоа отидоа да ја платат сметката. Нивната сметка беше 2500 денари. Таа остави 3000 денари и му порача на сопственикот на ресторанот  да го задржи кусурот.«

Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните? И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?

Овој настан можеби изгледа сосема нормален за келнерот и неговиот газда, но e многу болен за сиромашниот продавач на јајца.

Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните? И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?

Една друга Анегдота пак вели:
“Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени, иако не му требаа во тој момент. Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив. Јас бидејќи бев загрижен заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа?

Тогаш тој ми одговори:
“Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете”

Знам дека повеќето од вас нема да ја споделат оваа порака, но ако сметате дека луѓето треба да го видат ова, тогаш ширете ја оваа поучна приказна, порача еден наш читател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.