-Постојат неколку типа на ХПВ вакцини, двовалентна, четиривалентна и деветовалентна. Секундарна превенција претставува скрининг за цервикален карцином. Скринингот се спроведува со правење на ПАП тест и/или ХПВ типизација, во зависност од скрининг програмата и политиката на земјата во која се изведува.

Објавил: Перо Милчин | 31 јануари, 2021 17:02

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛО НА МАТКА Е ВАКЦИНАЦИЈАТА СО ХПВ ВАКЦИНА – ЈАНУАРИ ПОСВЕТЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доктор Горан Димитров, претседател на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија потенцира дека примарната превенција од ракот на грлото на матката е вакцинација со ХПВ вакцина.

-Постојат неколку типа на ХПВ вакцини, двовалентна, четиривалентна и деветовалентна. Секундарна превенција претставува скрининг за цервикален карцином. Скринингот се спроведува со правење на ПАП тест и/или ХПВ типизација, во зависност од скрининг програмата и политиката на земјата во која се изведува.

Главен причинител за настанување на ракот на грлото на матката е инфекција со ХПВ. Ризик фактори за настанување на ракот се, покрај ХПВ инфекцијата и: пушење цигари, менување на повеќе сексуални партнери, рано стапување во сексуални односи и мултипни породувања. При констатирање на инфекцијата, пациентките треба да преземат неколку чекори со кои можат да ја подобрат својата здравствена состојба: подобрување на имунолошкиот одговор, користење на презерватив и редовни цитолошки контроли и почитување на советите од гинекологот, вели д-р Димитров.

Министерството за здравство, во 2019 година го осовремени Календарот за имунизација и обезбеди четиривалентна ХПВ вакцина. Оваа вакцина штити од четири типови на хуман папилома вирус и ја замени дотогаш користената двовалентна вакцина.
По повод одбележување на јануари како месец посветен на борба против ракот на грлото, информираме дека се намалува бројот на жени со тешка форма на рак на грло, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином.

Ова се должи на здравствените политики кои ги имплементира Министерството за здравство за рано и навремено откривање на ова заболување, со што се придонесува за намалување на стапката на смртност од ова заболување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...