iPhone 11 и 12 би можеле да изгледаат многу слично

Објавил: Владо Марин | 17 март, 2020 21:47

Пристигнува iPhone 12 – гласини за изгледот, бојата и перформансите

Фото/Текст извор: ©Телефони- кајгана

Иако Apple ја претстави серијата iPhone 11 пред само пет месеци, се појавија гласини дека го подготвуваат новиот iPhone 12, 12 Pro и 12 Max.

Меѓутоа, голем фактор врз продажбата на новата серија може да биде новиот коронавирус.

Директорот на Apple, Тим Кук предупреди дека компанијта можеби нема да ги оствари плановите за продажба во вториот квартал.

Секоја втора година, Apple прави значителни промени за да го освежи изгледот на мобилните телефони. Меѓутоа, според извештајот на јапонскиот публицист Мака Отакара, iPhone 12 ќе изгледа многу слично како и iPhone 11.

iPhone 11 и 12 би можеле да изгледаат многу слично

Од друга страна, од Apple се шпекулира дека работат на целосен редизајн на мобилните телефони.

iPhone 12 ќе биде достапен и во темно сина боја

Минатата година, Apple ја претстави зелената боја на iPhone 11 Pro и 11 Pro Max. оваа година Apple лансира уште една боја – темно сина.

Се појавија гласини и дека екранот ќе функционира на 120 Hz. Повеќето телефони работат на 60 фрејмови по секунда. Со поголема брзина на освежување на екранот, и телефонот реагира побрзо.

Дали iPhone 12 ќе ја поседува опцијата за 5G?

Гласините велат дека новите модели ќе ја поддржуваат 5G технологија, со оглед на тоа дека Apple планира да користи сопствени антени.

Останува да почекаме уште определен период пред да се појави новиот смартфон на Apple.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...