Оваа инвестиција е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватниот сектор и е изградена во рекордно време, со најсовремена технологија на двострани панели коишто произведуваат електрична енергија преку директна изложеност на сончевата светлина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 декември, 2020 19:16

Промоција на првата најсовремена фотонапонска централа на ЕВН Македонија во Неготинско – Војшанци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Инвестициите во фотоволтаици, ветерници и гасификација продолжуваат со засилено темпо во сите региони. Денеска се обратив на промоцијата на првата најсовремена фотонапонска централа на ЕВН Македонија во Неготинско – Војшанци, изјави премиерот Заев на промоцијата од Војшанци!

Оваа инвестиција е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватниот сектор и е изградена во рекордно време, со најсовремена технологија на двострани панели коишто произведуваат електрична енергија преку директна изложеност на сончевата светлина.

Бифацијалната фотонапонска централа на ЕВН Македонија во Неготино е составена од 4.416 панели со моќност од 335 W, односно инсталирана моќност од 1.479 kW и има капацитет од 2,1 GWh за годишно производство на електрична енергија од обновливи извори.

Еден од главните приоритети на Владата е подобар квалитет на животот на своите граѓани, со посебен акцент на инвестициите во енергетскиот сектор преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, како и унапредување на енергетската ефикасност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.