Протесниот марш ќе почне во 13:30 часот

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 11:08

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, кое само по себе е капитулација. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.

Протесниот марш во Битола ќе почне во 13:30 часот пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред споменикот на Гоце Делчев.

Предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести