За време на протестите полицијата употреби солзавец и палки против толпата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2019 10:24

Протестите во Тирана се претворија во хорор: Повредени демонстранти, полицајци и новинари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вистински хаос се случуваше во Тирана, на синоќешните протести. Неколку луѓе завршија со повреди како последица на насилните протести на опозицијата во Тирана, пренесуваат албанските медиуми. Илјадници демонстранти се собраа пред парламентот барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

За време на протестите полицијата употреби солзавец и палки против толпата. Во инцидентот запален е еден автомобил, а демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на парламентот. Со повреди завршија и лица од страната на демострантите но и кај полицијата и новинарите. За време на протестите демонстрантите го предизвикаа целиот хаос откакко почнаа да фрлаат молотови коктели на полицијата која пак возврати со водени топови.

Во февруари над 60 пратеници од опозициската Конзервативна демократска партија и нејзините сојузници, го напуштија парламентот во знак на протест.

Опозицијата го обвинува Рама и неговата социјалистичка Влада за корупција и изборни измами и со месеци повикуваат на негово повлекување.

Како што пишуваат албанските медиуми, учесниците на протестот фрлале со овошје и зеленчук кон зградата на владата и истурале млаеко по плочникот, протестот беше карактеризиран како најголем протест на Обединетата албанска опозиција „најголем национален протест“ со барање за оставка на Еди Рама и формирање на преодна влада која ќе спроведе предвремени парламентарни избори.

На овој протест беа присутни и жителите од населбата „Астир“ чии домови треба да бидат урнати поради изградбата на големата обиколница во Тирана, на чија парола стоеше испишано  „Влада на криминалот“.

Вчерашниот протест беше девети по ред протест на опозицијата, а веќе шест претходни одржа пред Парламентот.

Поради дождливото време демонстрантите меѓусебе си поделија чадори на кои стоеше напишано „Рама оди си“.

Инаку за безбедноста беа ангажирани над 1.500 припадници на полицијата, кои со себе носеа и гас маски, имаше обезбедено четири цистерни со вода за да во случај се обидат протестантите да влезат во објектот да бидат употребен водени топови, а на повисоките објекти можеа да се забележат и снајперисти.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.