Камионџиите се жалат дека поради зголемената акциза се доведува во прашање нивното работење.

Објавил: Владо Марин | 28 април, 2020 7:19

ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДА: Камионџиите денеска ќе протестираат против поголемата акциза!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Камионџиите денеска ќе протестираат против дополнителната акциза од три денари за литар гориво, што беше воведена претходната недела.

Како што соопштија вчера попладне од Групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“ на нивниот фејсбук профил протестот ќе почне во 12 часот.

„Врз основа на одобрение на Министерството за внатрешни работи кое го добивме денеска, протестот кој е закажан за утре- вторник 28.04.2020 година со почеток во 12:00 часот ќе се одржи“, велат од „Макамтранс“.

Секој кој е во возило мора да има маска и ракавици и да ја носи дозволата добиена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Протестот е во период кога нема полициски час па за сите други кои немаат ДСЗИ дозвола, нема потреба да носат специјална дозвола издадена од работодавач, соопштија од „Макамтранс“.
Возачите на возилата, како што се нагласува, не смеат да излегуваат надвор од возилата.

И покрај бурните реакции од бизнисот, Владата сепак се одлучи за поскапување на акцизата за 3 денари, иако претходно Стопанската комора на Македонија побара покачување од само 2 денари. Од Владата се правдаат дека ваква одлука била зашто Македонија имала најниски акцизи и најниски цени на горивата во регионот и Европа.

Повисоките акцизи се компензирале со пониските цени на нафтените деривати.
Камионџиите се жалат дека поради зголемената акциза се доведува во прашање нивното работење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести