Започна протестот што го организира опозицијата!

Објавил: Владо Марин | 25 февруари, 2020 18:52

ПРОТЕСТОТ ЗА ПРАВДА ЗАПОЧНА: Врие народ по улиците(следете во живо)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Протестот за правда што го организира ВМРО-ДПМНЕ започна пред малку пред Основното јавно обвинителство, а треба да заврши пред Врховниот суд.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера ги повика граѓаните на протест од Јавното обвинителство до Врховниот суд, со цел да ја пратат пораката дека мора да има одговорност за премиерот Зоран Заев!

-Заев е фатен на лице место како го крши законот, тој постојано се вплеткува во криминал и скандали. Ова не е европската иднина, туку криминалната приказна за Заев. Аудио-материјалот што беше објавен покажува дека Заев е виновен за неправдата.

Има јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд. Потоа, тој признава дека има стратегија да се влечат случаите и за тоа знае Катица Јанева. Трето, шемата за паѓање на случаите е јасна – преку закон за јо или одлука на Врховен – рече Мицкоски.

Тој рече дека Јавното обвинителство молчи за овој случај, бидејќи, како што истакна, е под целосна контрола на власта на Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести