Протестите ќе почнат половина час порано, во 17,30 пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили кон Владата ќе се движат учесниците во протестот.

Објавил: Перо Милчин | 7 декември, 2020 8:51

ПРОТЕСТ ВО 18 ЧАСОТ ПРЕД ВЛАДА: „Оставка на Заев“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира во Скопје во 17,30 часот. Колоните автомобили ќе тргнат пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, а ќе завршат пред Владата на РМ!

Протестите ќе почнат половина час порано, во 17,30 пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили кон Владата ќе се движат учесниците во протестот.

ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава.

Треба да се случи народ за Заев да престане да продава.
Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед.

Затоа утре протест во Скопје, пред Владата во 18 часот, поаѓање од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во 17:30 часот.
Или Заев, или Македонија, изјави вчера Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.