Претседателот Вучиќ поради упадот на специјланата косовска полиција на северот на Косово наредил потполна борбена готовност на сите борбени единици во Србија

Објавил: Македонка Димкин | 28 мај, 2019 10:18

Пукање на Косово, специјалните единици со транспортери против српското население!

Фото/Текст извор: ©Танјуг / магазин

Според медиумите во Зубин Поток, се слушаат пукотници. Специјалните сили на РОСУ фралаат шок бомби, додека пак сите пристапните патишта се блокирани. Единиците на РОСУ пробија три барикади поставени од Срби. Четвртата барикада е во тек. Двајца Срби беа лесно повредени.

Двајца Срби беа полесно повредени во пукањето што се случи ова утро околу 6 часа и 20 минути  во Зубин Поток, кога припадниците на РОСУ дојдоа во селото Доња Вараж во таа општина, потврди за Танјуг полицискиот службеник од местото на настанот и додаде дека пукањето сеуште трае.

Српскиот претседател Александар Вучиќ започна интензивни дипломатски активности по упадот на специјалните единици на РОСУ на северот на КиМ, известија од неговиот кабинет.Претседателот на Србија побара од западните политички центри да ја воспитаат Приштина и јасно стави до знаење дека Србија нема повеќе да дозволи етничко чистење во Косово.Од сојузниците Русија и Кина се очекува секаква помош и поддршка. Претседателот Вучиќ за деталите на оваа ситуација ќе зборува во Српскиот парламент во продолжение на специјалната седница за ситуацијата во КиМ, која започна во 10 часот.

Околу 6 часа и 20 минути имаше размена на оган помеѓу непознати лица и специјалните единици на косовската полиција, во која беа испукани најмалце 200 куршуми. После тоа, на лице место од страната на автопатот дојдоа 15 оклопни возила РОСУ и ФИТ, кои се распоредија фронтално во селото Доње Вараге и Зубином потоку , при што веднаш се срушени импровизираните барикади, кои утрово беа поставени од уплашените граѓани.

Припадници на РОСУ одат по главниот пат и пукаат од двете страни истовремено фрлаат шок бомби. Луѓето се исплашени, едно локално училиште и градинка се со намера да престанат со работа, изјави за Танјуг официјален  претставник на полицијата.

Дури 13 етнички срби се уапсени на северот на КиМ дознава српски ТАНЈУГ

Претседателот Вучиќ поради упадот на специјланата косовска полиција на северот на Косово наредил потполна борбена готовност на сите борбени единици во Србија. И министерството за внатрешни работи на Србија е во состојба на полна борбена готовност. Ситуацијата е напната

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...