Повредени лица нема, а нема ни материјална штета.

Објавил: admin@magazin | 11 јули, 2019 17:31

Пукање пред кафуле во Чаир!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вчера пред кафетерија на улица Македонско Косовска Бригада во Скопје, неколку лица испукале неколку куршуми.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, нема повредени во вооружениот инцидент во скопски Чаир.

-На 10.07.2019 година во 22.35 часот во СВР Скопје, Ф.Б. од Скопје пријавил дека пред кафетерија на улица Македонско Косовска Бригада во Скопје неколку лица испукале неколку куршуми. Повредени лица нема, а нема ни материјална штета. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поднесени се повеќе кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, за што од страна на судија на претходна постапка на неколку лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Исто така по соседска расправија, скопјанец извадил пиштол и почнал да пука во воздух.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...