Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2019 9:06

ПУКАЊЕ СО КАЛАШЊИКОВИ ВО ХОТЕЛОТ “АЛЕКСАНДАР ПАЛАС”: Има тешко повредени

Фото/Текст извор: ©магазин,.мк

Доцна синоќа околу 00,35 ч. добиена е дојава за пукање од огнено оружје во Хотел Александар Палас, лоциран на бул. 8-ми Септември бб, дознава Алсат.

Додека во ресторанот седеле 5 машки лица, од страна на 5 други машки лица вооружени со огнено оружје, најверојатно автоматски пушки и пиштоли, со црни и црвени фантомки на главата, излегувајќи од возило отвориле оган према ресторанот.

Тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „Полиција, Полиција“ и испукале рафали кон ресторанот, по што го напуштиле местото.

Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец кон сторителите извикувајќи дека тој е полиција.

Еден човек е ранет во престрелката во Александар Палас?!

Хотелски гости и полициски извори за Алсат тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка, која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас.
Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.
Официјално не се соопштува за кого се работи ниту за бројот на повредените или евентуално убиените луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...