Иницијативата и потребата од нов Ургентниот центар постои 15 години, и мене ми особено драго што токму во овој период ја крунисавме завршницата на изградбата и опремувањето на Ургентниот центар, рече Спасовски!

Објавил: Владо Марин | 19 јуни, 2020 13:31

Пуштен во работа новиот Ургентен Центар, како и на Акушерското одделение во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска беше пуштен во работа новиот Ургентен Центар, како и на Акушерското одделение во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп!

Иницијативата и потребата од нов Ургентниот центар постои 15 години, и мене ми особено драго што токму во овој период ја крунисавме завршницата на изградбата и опремувањето на Ургентниот центар, рече Спасовски!

Од 2017 година наваму реновиравме делови од здравствената установа во кои ништо не било инвестирано од денот на нејзината изградба – болничката аптека и биохемиската лабораторија, амбулантите по ортопедија, урологија, хирургија, нервната и детската амбуланта, како и амбулантата по интерна медицина и амбулантата за очни болести, а набавена е опрема од над 50.000.000 денари, и тоа според потребите и барањата на скоро сите одделенија.

Денеска беше пуштен во работа новиот Ургентен Центар, како и на Акушерското одделение во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп!

Овде, би сакал да истакнам и да изразам благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од граѓаните на оваа Општина за донацијата од 50.000 евра (во специјални болнички кревети и инвалидски помагала), која во мај пристигна од турската компанија „АЛИМ ОРМАН УРУНЛЕРИ“, со што се покажува дека солидарноста и општествената одговорност доаѓа посебно до израз во кризни ситуации и е од исклучително значење за искреното пријателство меѓу граѓаните на сите држави.

Во овие услови на здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, мора да бидеме секогаш добро подготвени, да имаме добро опремени јавни здравствени установи, најдобри услови за работа на докторите и на целиот друг медицински персонал, за да бидеме сигурни дека граѓаните ќе ја имаат најдобрата здравствена услуга во нивната, локална средина, потенцираше Спасовски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...