Лекарите се обидувале да го спасат Адем, но тој истата вечер починал

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 8:16

Работник од Македонија прегазен додека менувал гума на комби во Швајцарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонски државјанин загина откако бил прегазен од автомобил додека менувал дупната гума на комби, во понеделникот во Швајцарија, објави 24 Инфо. Трагичната сообраќајка се случила на автопатот А1 во близина на местото Обербурен во кантонот Сент Гален.

Тогаш во нив налетал автомобил „алфа ромео“ управуван од врсник на Адем, по што работникот и возачот со тешки повреди биле пренесени во болницата.

Возач на комби пријавил во локалната компанија за помош на пат дека му е дупната гумата, па на повикот бил испратен Адем Б.(24), кој за кусо стигнал на местото. Тој заедно со возачот(50) со дигалка почнале да го креваат возилото за да ја сменат левата предна гума.

Лекарите се обидувале да го спасат Адем, но тој истата вечер починал.

Сопственикот на компанијата во која работел македонскиот државјанин е шокиран од несреќата, но не ја коментирал бидејќи немал официјални информации од полицијата.

Колегите на загинатиот, пак, имаат само пофални зборови за Адем, кој бил вреден и посветен работник. Сепак, тие со горчина рекле дека не се заштитени и премногу често се случуваат вакви несреќи во кои страдаат нивни колеги и тоа при рутински дефекти каков што бил во понеделникот.

Од полицијата нема подетални информации за несреќата освен дека комбито било регуларно паркирано на лентата за сопирање, па фокусот на истрагата е насочен кон возачот на „алфата“.

Очевидци на трагедијата, пак, тврдат дека тој зборувал на мобилниот телефон што му го одвлекло вниманието па удрил во двајцата. Возачот на автомобилот, наводно, им рекол на роднините на починатиот дека вината е негова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...