Првиот снег во Македонија падна на Попова Шапка.

Објавил: admin@magazin | 30 ноември, 2019 20:43

РАДОСТ ЗА СИТЕ: ПРИСТИГНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА(фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Македонија падна првиот снег на Попова Шапка.

Метеоролозите најавија дека дневните температури во земјава од утре ќе бидат пониски, а утринските на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Од наредната недела ќе има променлива облачност, а во вторник се очекуваат врнежи од дожд кои особено на север ќе поминуваат во снег и на повисоките места.

Прекрасна панорама. Во Македонија падна првиот снег на Попова Шапка.

Пред два дена падна првиот снег на Копаоник, Србија. Температурата таму е 0 степени, што може да обезбеди снегот да се задржи на планината.

Попова Шапка е зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај.

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км.

Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...