Изборот на Стево Пендаровски бил избор на Али Ахмети и Зоран Заев во четири очи

Објавил: Узунов Бобан | 1 март, 2019 14:45

Разрешена дилемата: Стево Пендаровски кандидат на власта за претседател !

Фото/Текст извор: ©магазин

Стево Пендаровски е изборот за консензуален кандидат за претседател на државата од СДСМ, ДУИ и Алтернатива на Африм Гаши, дознава „А1 он“. Неофицијално, попладнево владејачкото мнозинство и официјално ќе ја соопшти оваа одлука.

На средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на маса биле ставени две имиња – Стево Пендаровски и Оливер Спасовски, кои се споменуваа и досега во јавноста како можни кандидати. Сепак, владејачкото мнозинство се одлучило за Стево Пендаровски, како што вчера објави „А1 он“.

Изборот се должи на високиот рејтинг што го покажа на неколкуте последни испитувања на јавното мислење кај граѓаните вклучувајќи ги неопределените гласачи, огромната поддршка кај албанскиот блок, како и поддржувачите на СДСМ.

На Конгресот в недела СДСМ се очекува со акламација да застане зад кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести