Зависно од типот на туморот, вниманието кон болеста може најпрво да биде привлечено од страна на така наречениот паранеопластичен синдром.

Објавил: admin@magazin | 21 ноември, 2020 20:49

Рак на бели дробови, овие симптоми не треба да ги игнорирате

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија.

Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот.

Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија.

Лекарите посочуваат дека ракот на белите дробови предизвикува отекување на лицето и вратот ако туморот притисне вена помеѓу срцето и главата.

Знаци и симптоми

Во симптомите и знаците коишто можат да укажат на белодробен рак спаѓаат:

Ако туморот расте во дишен пат, може да го попречува протокот на воздухот, предизвикувајќи отежнато дишење. Опструкцијата може да води до собирање на секрети зад блокот и може да предиспонира кон пневмонија.

Зависно од типот на туморот, вниманието кон болеста може најпрво да биде привлечено од страна на така наречениот паранеопластичен синдром.

Во белодробниот рак, овој синдром во себе може да вклучи Ламберт-Итонов мијастеничен синдром (мускулна слабост заради автоантитела), хиперкалцемија или синдром на несоодветно лачење на антидиуретски хормон. Туморите во врвот (латински: apex) на белодробното крило, познати како Панкост тумори, можат да се прошират во локалниот дел на симпатичкиот нервен систем, водејќи до Хорнеров синдром, како и до оштетување на брахијалниот плексус.

Многу од симптомите на белодробен рак (намален апетит, губење на телесна тежина, треска, замор) се неспецифични.

Кај многу пациенти, ракот веќе се има проширено надвор од изворното место уште пред да се појават симптомите и да се побара медицинска помош. Чести места на метастазирање се: мозок, коска, надбубрежна жлезда, контралатералното (спротивното) белодробно крило, црниот дроб, перикардот и бубрезите.

Околу 10% од луѓето со белодробен рак немаат симптоми за време на дијагнозата — овие тумори се откриваат случајно преку рутинска градна радиографија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...