За шефот на владата, светлината на излезот од тунелот станува се поголема и поголема.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 април, 2021 7:16

Рама договорил уште 50.000 дози од „Спутник В“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама вчера на попладе објави дека е постигнат уште еден договор во набавката на вакцини, овој пат за 50.000 дози од руската вакцина „Спутник В“.

Рама пишува дека во рок од 10 дена вакцините ќе бидат во Албанија.

-Само што постигнавме договор да донесеме уште 50.000 дози вакцина Спутник во Албанија во рок од 10 дена. Ние ќе ја добиеме оваа војна со силата на нашиот карактер и упорност и наскоро ќе ја оставиме зад тунелот на пандемијата, каде што излезот кон светло брзо се наближува, напиша Рама.

Според Министертвото за здравство, во последното деноноќие ковид 19 е дијагностициран кај 264 лица од направените 2.092 теста што е 12,6 отсто од тестраните.

Во исто време оздравеле 589, додека починале девет лица сите во болнички услови од 55 до 83- годишна возраст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести