Преамбулата стана текст кој е обезличен, во него се негираат државотворните акти од АСНОМ, а се цитираат политички одлуки како Рамковниот договор, се бара да се впише и Пржинскиот

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 9:13

Рамковниот договор е реализиран со 15 амандмани во Уставот, зошто се впишува во Преамбулата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Огромно негодување на академската јавност за впишувањето на Охридскиот рамковен договор со текстот на Преамбулата на Уставот на можната Република Северна Македонија.

Според истакнати имиња од правната фела нелогично е политичка одлука која никогаш не била гласана на рефередум од граѓаните или одобрена од нивна страна во било која форма, да се најде во Преамбулата.

Рамковниот договор како политичка одлука за прекин на војната во 2001 година самиот по себе донесе петнаесет (15) амандмански измени на Уставот на Република Македонија, и со тоа политичката одлука доби правна завршница.

Имено согласно Рамковниот договор, во Уставот и Преамбулата се интервенираше со серијата од Амандман XIV до Амандман XVIII со што целосно е исполнета обврската за импелентирање на политичките одлуки.

Ако веќе во Преамбулата се цитираат и политички одлуки, тогаш стручната јавност отворено го поставува и прашањето за Пржинскиот договор, со кој иако политички, сепак се уредува највисокиот процес на изразување на демократското право на граѓаните во Македонија, изборите на претеници со Собранието на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести