Расен судир во САД ?

Објавил: Узунов Бобан | 15 јули, 2019 8:54

Расиситчки обвинувања: Трамп сака повторно да ја направи Америка бела

Фото/Текст извор: ©магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп критикуваше група демократски претставнички во Конгресот, нарекувајќи ги предизвикувачки на нереди родени во странство и им порача дека би требало да се вратат во опустошените и осиромашени места од кои дошле.

Коментарите на Трамп на Твитер остро ги осудија претставничките на демократите и на момент заборавија на внатрешните поделби кои подолго време владеат меѓу нив, јавија американските медиуми.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси изјави дека претседателот сака „Америка повторно да ја направи бела“, додека претставничката на демократите од Њујорк Александриа Окасио-Кортес, која веќе неколку дена е во судир со Пелоси, прокоментира дека Трамп „не може да замисли Америка која ги вклучува и нив“.

Некои агенции коментираат дека Трамп „речиси сигурно“, кога критикувал, мислел на Окасио-Кортес и нејзините сојузнички – Илхан Омар од Минесота, Ајана Презли од Масачусетс и Рашида Тлаиб од Мичиген. 

Но и покрај ваквите изјави на Пелоси,  претседателката на Претставничкиот дом на американскиот конгрес  Пелоси доби неочекувана поддршка од претседателот Доналд Трамп во  борбата со новите демократи Окасио-Кортес, Ајана Презли и Рашида Тлаиб

Републиканецот Трамп ја бранеше Пелоси и рече дека Александра Окасио Кортез од Њујорк треба да се однесува кон неа со „почит“.

Трамп исто така рече дека Пелоси „не е расист“.

Окасио Кортез ја обвини Пелоси дека ја издвојува нејзе и новите демократи, сите жени со боена кожа и ги критикува.

Тензиите меѓу Пелоси и некои помлади, напредни демократи во Претставничкиот дом неодамна беа јавно обелоденети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести