Ташевска Ременски можеби недоволно јасно ја слушна изјавата на обвинителката Русковска која кажа дека нема намера за ниту еден обвинет поединечно да го преименува делото

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 10:43

Ременски политичката одлука за амнестија ја префрла кај Обвинителството и Судот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

СДСМ успева политичките одлуки кои ги носи со одметнатите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата да ги користи за вршење притисок врз Обвинителството и Судстовот со цел имплементирање на законот за амнестија.

Имено нацрт законот за амнестија кој ќе биде донесен по скратена постапка само предвидува судската власт ако сака но не и да мора да изврши преназначување на делата на обвинетите за немилите настани во Собранието, што значи самото обвинителство ќе има моќ да дели селективна правда по желба.

Потпретседателката на Собранието и СДСМ и копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за интеграција, помирување и реформи Фросина Ташевска Ременски изјави дека групата ќе се состане следната недела за да го разгледа текстот на законот за амнестија на подгрупата за помирување.

По што ќе го усвои, ќе го преточи во формат на предлог закон и да го предложи на Собранието на РМ, што всушност и и нивиот мандат.

Важно е што продгрупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Обвинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството.

Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резултат.

Индивидуалниот пристап кон законот на обвинетите за настаните од 27 април е исто така почитуван, односно барањето што до надлежниот орган треба/може да го достави секој од обвинетите за настаните. Во таа постапка Судот и Обвинителството ќе го имаат правото да ценат (врз основа на доказите) дали законот важи за лицето што се повикува на амнестија, и какво решение ќе му издаде.

Секако жалбената постапка е гарантирана. – потенцира Ташевска Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести