Неофицијално Обвинителката има обемен доказен материјал против Ременски.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 16:26

Ременски се задржа четри часа во Обвинителството – имало обемен материјал против неа!

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“. Таа беше почесна претседателка на невладината организација, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, кој сега е обвинет и за случајот „Рекет“. Ремеснки веќе четири часа се задржа во Основното јавно обвинителство за гонење на криминал.

Неофицијално Обвинителката има обемен доказен материјал против Ременски.

Следната недела пратеничката треба да даде исказ пред Русковска, а освен неа во Обвинителството ќе бидат повикани и заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Предметот е се уште во фаза на истрага, а Обвинителството дополнително ќе треба да донесе јавно-обвинителска одлука.

Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести