„Република Македонија“ заминува во историјата, новото име на нашата држава е „Република Северна Македонија“.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 19:58

“РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” заминува во нашата историја

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

 Пратениците ги изгласаа уставните измени. Со 81 глас “за” и ниту еден против и воздржан е донесена одлука за прогласување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа.

Измените кои произлегуваат од Договорот од Преспа поминаа и во третата финална фаза вечерва во Собранието на Република Македонија, откако претходните денови беше закажувана, додека премиерот Зоран Заев преговараше со Беса на Биљал Касами, околу барањата во врска со измените.

Вечерва со двотретинско мнозинство во рамки на 75. седница пратениците  ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија истите.

На седницата не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести