Во листата на дивоградби заклучно со месец март 2019-та се впишани вкупно 19.974 дивоградби за кои се поднесени барања за легализација.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2021 7:10

Речиси 20 илјади дивоградби во охридско чекаат на второ изгласување на законот за легализација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На потегот од охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле”, па се до Свети Наум има над 19.000 дивоградби, дел од нив на исклучително атрактивни локации, пренесува ТВ Алфа.

Во листата на дивоградби заклучно со месец март 2019-та се впишани вкупно 19.974 дивоградби за кои се поднесени барања за легализација.

Во документот стои за каков вид објект се работи, но најголем број од барања се однесуваат за атрактивни локации на Охридското Езеро, вели Андријана Башоска од граѓанската иницијатива “Глас за спас на Охрид”.

Но, доколку се анализира листата воочливи се барања каде во табелата за постапување со бесправно изградени објекти, нема податоци што конкретно треба да се легализира, графите се празни, додава Башоска.

Некој се обидува да добие легализација без притоа да наведе каков објект, што конкретно сака да легализира со таа легализација. Целта на ваквите, така да ги наречеме легализатори, е да добијат документ каде што ќе имаат легализација, а потоа кога ќе се донесе ДУП-от на Охрид само да се вметне објектот што тие го посакуваат и сметам дека овој чин е криминален. Бетонски чудовишта не му се потребни на Охрид, тие не само што ја деградираат убавата природа, и целокупниот амбиент, од нив имаат корист само урбаната мафија, рече Башоска.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести