Гир од претходниот брак има 18-годишен син

Објавил: admin@magazin | 9 август, 2018 12:00

Ричард Гир ќе стане татко на 68 години

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Четири месеци откако Ричард Гир склучи брак со 35-годишната шпанска активистка Алехандра Силва, двајцата ќе станат родители, соопштува шпанскиот весник ABC.

68-годишниот актер има син на 18 години од неговата поранешна сопруга Кери Лоуел. Ова нема да биде прво дете и за Алехандра, која пак има петгодишен син Алберто од поранешниот партнер.

Ричард Гир и Алехандра Силва се заедно четири години, а во јуни 2015 година официјално откриваат дека се двојка. Тие се венчаа во април оваа година.

Јас сум најсреќната личност во светот. И како да не сум?! Женет сум за убава жена, која е паметна, чувствителна, оддадена, забавна, трпелива, која знае како да простува, која е неверојатна готвачка и ги прави најдобрите салати на светот“, изјави по повод врската актерот.

Тие се состануваат во 2014 година кога Гир претстојува во хотелот во Позитано, Италија, во сопственост на семејството на Силва. Тој не престанал да испраќа цвеќиња додека не се согласила да излезе со него. Остатокот, како што велат, е историја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.