Романските судии, по низата законски мерки, со кои социјалистичката влада преку министерството за правда, има влијание во нивните одлуки, денес на протести во Букурешт

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 11:28

Романски судии на протест за независно судство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Неколку десетици романски судии се собраа на синоќа протест пред Апелациониот суд во Букурешт, за да ја заштитат независноста на правосудството, загрозено, според нив, со реформата усвоена од левоориентираното мнозинство и силно критикувана од Брисел.

Тука сум, за да им кажем на парламентот и на владата дека  судската власт е независна и треба таква да остане, изјави судијата Кристи Данилет от Клуж.

Нејзината колешка со сличен став.

 Протестираме против секаква форма на мешање во работата на судиите, вели судијката Алина Паланкану од судот во Нјамц.

Судиите, повеќето млади, ги осудија законските проекти, кои ја засилуваат контролата на Министерството на правда над обвинителите и ја поткопуваат борбата против криминалот.

Главниот обвинител Аугустин Лазар, за кого министерот за правда Тудорел Тоадер покрена постапка за проценка на работата, ја пофали способноста на младите судии да го издржат притисокот.

Социјалдемократската влада во јули издејствува смена на антикорупциската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси, која во последниве неколку години испрати многу високи функционери на суд.

Европската комисија и неколку западни амбасади во Букурешт остро ја критикуваа широката судска реформа на владејачките социјалдемократи, тврдејќи дека го поткопува владеењето на правото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести