По враќањето на санкциите од САД кон Иран, се прекина првичниот услов за преговори, но Иран смета дека и со притисок од САД ќе успее да ја обезбеди својата нуклеарна програма

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 6:44

Рохани: САД сакаат промена на режимот во Иран

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) сакаат промена на режимот во Исламската Република.

Нивната крајна цел е да го делегитимираат исламскиот естаблишмент. – рече Рoхани во говорот цитиран од државната новинска агенција ИРНА.

Рохани смета сека актуелната администрација на САД е непријателски настроена кон Иран.

Тие започнаа со психолошка војна и економска војна за да не делегитимираат. –  рече тој. Немало власт во САД, понепријателски расположена од сегашната администрација во однос на Иран и исламскиот естаблишмент. – истакна Рохани.

Иранскиот претседател потсети дека Вашингтон еднострано се повлече од Договорот за нуклеарната програма од 2015 година меѓу Техеран и групата П5 + 1 (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија).

САД без никаква причина се откажаа од меѓународниот мултилатерален Договор. –  рече Рохани. Иран покажа разумност, не брзаше и смирено соопшти дека ќе почекаме неколку недели за да видиме што ќе направат другите земји. – додаде тој.

Рохани смета дека Иран решава сам за себе, но тоа не е целта на преговорите.

Можеме да го прекинеме Договорот, кога и да посакаме. Откажувањето е лесно, како уривањето ѕид; но градењето е тешко. – рече Рохани.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги врати санкциите на САД кон Техеран, кои беа укинати како резултат на условите од Договорот за нуклеарната програма, односно во замена за ограничувањата во иранската Програма за нуклеарна енергија.

Се очекува санкциите да влијаат на иранскиот извоз на нафта, со кој Техеран го финансира својот национален буџет.

Земјите од Европската Унија, заедно со Турција, го осудија потегот на Трамп, со ветување дека ќе најдат начини да ги заобиколат повторно наметнатите санкции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести