Суд ќе процени дали одредена вест е лажна или не, потоа на медиумите е да ја отстранат со демант или да платат казна во висина од 630 евра а новинарот да одлежи 1 година затвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 6:12

Русија: Нов закон, или ќе демантирате лажна вест или одите во затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Руските пратеници изгласаа закон со кој се предвидува казна затвор до една година за медиуми и физички лица кои не сакаат да повлечат или негираат информации за кои судот ќе оцени дека се лажни.

Врз основа на новата верзија на член 315 од Кривичниот законик, сторителите кои одбиваат да повлечат или негираат лажни информации, кои како такви ќе ги оцени судот, ќе се казнат со глоба (630 евра) и со една година затвор.

Текстот што е објавен на интернет-страницата pravo.ru се однесува на физички и правни лица, односно на корисници на социјални мрежи.

За нацрт-законот, коj пратениците во Думата, Долниот дом на рускиот парламент, го прифатија во второ читање, а за кој претстои и трето, ќе гласаат и сенатори, што во суштина е само формалност по што легислативата оди на потпис каj претседателот Влдимир Путин.

Како што наведува невладината организација „Агора“, која ја чинат правници и експерти за човекови права, во 2017 година во Русија 43 лица биле осудени поради објави на интернет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести