- Вилма Русковска не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето, иако е посочен во досега собраните искази.

Објавил: Весна Петровска | 29 август, 2019 9:55

Русковска да го повика Заев да даде исказ за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

ВМРО -ДПМНЕ ја прозива шефицата на ОЈО Вилма Рсусковска да го повика премиерот на државата Зоран Заев да даде исказ за случајот „Рекет’ во кој се приведени Бојан Јовановски и Зоран Кичеец и шефицата на јавното специјално обвинителство Катица Јанева.

– Вилма Русковска не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето, иако е посочен во досега собраните искази.

За Вилма Русковска важат двојни стандарди. Исказ од сведок пред три месеци и беше доволен за да го обвини Митко Чавков и други лица за измислено дело тероризам, а сега Русковска кога станува збор за Зоран Заев кој треба да се најде на обвинителна клупа молчи, ја развлекува истрагата и ништо не презема.

Доколку во најбрз можен рок нема разрешница на случајот Рекет, што ќе значи и откривање на политичките помагатели се ќе биде само една огромна фарса.

Вилма Русковска наместо да ја развлекува истрагата и да ги брани политичарите од врвот на власта, треба да го повика Зоран Заев да даде исказ и да истражи зошто тој му кажал на Зоки Кичеец дека се пријавени и против нив се води истрага?

Доколку Зоран Заев им помогнал на директните извршители во извршување на кривичното дело тој треба директно да одговара. Зоран Заев треба да одговори и како инстиуциите на системот повеќе од половина година не знаеле за милионскиот рекет кој се случува или можеби знаеле но по нечиј налог молчеле?

Доколку во најбрз можен рок нема разрешница на случајот Рекет, што ќе значи и откривање на политичките помагатели се ќе биде само една огромна фарса.

Со Зоран Заев на власт невозможно е да се очекува ефикасна и вистинса разврска на случајот Рекет. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести