Изјавата на Русковска остава можност за нови моменти, како веќе најави дека сака прво да го види законот, иако отворено се поставува прашањето дали ќе има политичко влијание

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 7:55

Русковска децидна, нема да има преквалификација на кривичното дело

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинителката Вилма Русковска е децидна дека нема да има преквалификација на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Оваа изјава води кон ништовност на предлог законот за амнестија кој според изјавите на премиерот Заев, се однесува токму на тој сегментм, преквалификации на делата во понизок ранг.

Комуникацијата пред настаните за време на самиот настан и комуникацијата после настаните и со кои средства се обидувале да бидат ослободени од притвор луѓето обвинети не само во овој предмет, туку и во предметите на ОЈО Скопје.

Не можам да кажам ништо додека не го видам предлог законот за амнестија. Кога ќе го видам, тогаш би можела нешто поконкретно да ви одговорам. – изјави Вилма Русковска, јавен обвинител за организиран криминал.

Во судот се виде дополнителна снимка од тепањето на пратеникот Зијадин Села, обвинителката Ивана Трајчевска ги посочи обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски дека го удираат пратеникот. И двајцата приговараа, тврдеа дека не го тепаат Села.

Убаво се гледа на снимката дека не го мавам и дека господинот Села е на метро и пол од мене, убаво се гледа. Јас сум со телефон во раце, значи, јас бев на службена задача, убаво се гледа дека со телефонот сум дека снимам. Човекот беше свртен на стомак, не се гледа ни кој е. – изјави обвинетиот Мунир Пепиќ.

Кривичен очекува одговор дали ќе се декласифицираат доверливите докази предложени од обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и од Мунир Пепиќ, за да може да се искористат на судењето.

Процесот за немилите настани во Собранието продолжува утре со презентација на дополнителни докази од обвинителството и од одбраната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести