Во врска со чантата Луј Витон на Катица Јанева, таа изјави дека чантата е пронајдена кај Јанева имала иницијали КЈ и дека не е истата чанта од фамозната снимка со Боки 13 и Кичеец.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 октомври, 2019 8:29

Рускоска: Исказите кои протекоа во јавност се оние кои ги дадовме во судот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вилма Русковска, шефицата на организираниот криминал во синоќешното гостување во 24 Отворено, зборуваше отворено за случајот и го објаснуваше предметот „Рекет“. Обвинителката одговараше на прашањата во врска со телефонскиот разговор што наводно Кичеец го имал од затворската келија.

Не, затоа што мислам дека се уште не се готови вештачењата на тие телефони.“ „Додека не го видам вештачењето не сакам да погодувам.“ – рече Русковска.

Вилма Рускоска ја води истрагата за случајот „Рекет“

Во врска со чантата Луј Витон на Катица Јанева, таа изјави дека чантата е пронајдена кај Јанева имала иницијали КЈ и дека не е истата чанта од фамозната снимка со Боки 13 и Кичеец.

Русковска потенцираше дека кртот од кој протекле исказите на обвинетите, се уште не е откриен.

„Исказите за кои се води постапка се дефинитивно од оние докази што ние во фотокопија ги дадовме во судот заедно со наредбата за истрага и предлогот за притвор за двајцата осомничени. Се гледа дека е снимено од фотокопија, а кај нас во обвинителство се оригиналните. Не знам од кој суд излегле.“ – рече Русковска.

Обвинителката Вилма Русковска потврди и дека постои фотографија со Катица Јанева и 50.000 евра во кеш.

Таа на прашањето како 50.000 евра фотографирани пред Катица Јанева ги поврзала со парите од сведокот Орце Камчев, одговори дека тоа го направила според анализата на компјутерскиот форензичар.

-Компјутерскиот форензичар ме увери во веродостојноста, односно неговата анализа, рече Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.