„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители.

Објавил: Македонка Димкин | 23 октомври, 2020 21:53

САД и Македонија го потпишаа меморандумот за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Фото/Текст извор: ©ТВ24

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси корпорации како „Хуавеј“ и „ЗТЕ“.

Со потпишувањето на овој документ земјата се приклучи на низата европски држави кои имаат склучено вакви спогодби со Вашингтон со кои им се оневозожува на непроверени и небезбедни произведувачи да продаваат и инсталираат чувствителна комуникациска опрема која може да биде искористена за неовластено собирање податоци за граѓаните.

Има5гме обврска да ги усогласиме домашнитеполитики за развој на телекомуниакциите со политките на ЕУ како и за усогласување на безбедносите аспекти на имплементацијата на 5Г мрежата со нашиот стратешки сојузник – САД. Овој меморандум е од витално значење за економски раст и за безбедноста. С. Македонија и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5Г пазарите.“, оцени македонскиот премиер Зоран Заев.

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси корпорации како „Хуавеј“ и „ЗТЕ“.

„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители. Оваа 5Г декларација се однесува на тие ризици земајќи во предвид дека безбедни, „чисти“ мрежи ќе бидат клучни за националната безбедност, економскиот просперитет и стабилноста на регионот. „Чистата мрежа“ е сложен пристап за справување со долгорочните закани за приватност на податоците, безбедност, соработка и човековите права наспроти намерите на кинеската комунистичка партија.“, изјави Кит Крач, државен потсекретар на САД за економски раст, енергија и животна средина.

Кинески „Хуавеј“ досега беше силно застапен во телекомуникацискиот бизнис во земјава и најсилен играч за инсталирање на идната 5Г мрежа. Од пред неколку години оваа компанија е цел на американските институции поради сериозни сомневања дека нејзината технологија им овозможува непречен и неовластен пристап на властите во Пекинг до податоците на граѓаните во која било земја каде „Хуавеј“ е присутен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести