Затоплувањето на односите меѓу Северна и Јужна Кореја ќе резултира со самит на првите луѓе на двете земји во септември во Пјонгјанг

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 9:30

Самит на двете Кореи во септември во Пјонгјанг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според соопштението на Јужнокорејското министерство за обединување самитот е закажан за септември во Пјонгјанг Северна Кореја.

Претходно високи претставници на двете земји се состанаа во текот на месецов во пограничното место Панмунџмом за да ги прецизираат деталите.

Затоплувањето следува по самитот во Сингапур меѓу американскиот опретседател Донад Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на кој му претходеа неколку средби меѓу делагации од Северна и Јужна Кореја.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.