Во четвртокот утрото во една приватна клиника, ласерски го реши проблемот кој веќе подолго време го имаше.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 10:18

Саша Поповиќ итно опериран ! Еве како се чуствува сега првиот човек на Гранд

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Саша Поповиќ директорот на „Гранд Продукција„ имаше медицинска интервенција во една приватна клиника во Белград. Пред два дена во раните утрински часови посети една позната клиника, да го реши својот проблем кој веќе подолго време го има.

Во четвртокот утрото во една приватна клиника, ласерски го реши проблемот кој веќе подолго време го имаше.

Имено, Саша имаше закажана операција во 9 утрото, но поради неговите работни обврски се случила во 10 и 30 часот. Поповиќ во болницата го донесе еден негов близок пријател и од автомобилот излезе насмеан и расположен.

Саша е секогаш за тоа, секој здравствени проблем да се решава брзо и никако не сака да чека, без разлика што е во прашање. Затоа со договорот со докторите, закажа преглед и консултации, а потоа и операција со ласер, пренесе извор близок на Поповиќ.

На клиниката се задржа само 2 часа, а внатре бил сам. Расположен излезе од интервенцијата, затоа што го решил проблемот што го имал повеќе години. Поповиќ со помош на ласер извршил операција на очите и сега е се во најдобар ред.

Саша Поповиќ е музичар, директор и основач на дискографската куќа „Гранд„

Поповиќ 1976 година го основа шоуменскиот бенд Лира Шоу кој изведуваше народна музика. Кога Лепа Брена постана пејачка во овој бенд, 1982 година, се преименува бендот во „Слатки Грех„ Од кога бендот се распаднал Саша Поповиќ со менаџерот Рака Џокиќ почнува да се занимава со дискографија во продукцијата на ЗАМ, која снима албуми за многу познати пејачи на Балканот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести