Дејвид Абел и неговата сопруга Сали од Велика Британија, беа меѓу 3.700 луѓе во карантин на бродот Diamond Princess во Јапонија, откако пред две недели беше сфатено дека патниците се болни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 февруари, 2020 10:40

Сведоштво на пациент заразен со Коронавирус: Имате чувство дека се отвора секоја пора на вашето тело

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако заминал од карантин во кој починале двајца, еден британски пациент, кој во моментот бил на лекување на коронавирус, ги опишал ефектите од оваа смртоносна болест, велејќи дека се чувствувал „како да му се отворила секоја пора на  телото“.

Дејвид Абел и неговата сопруга Сали од Велика Британија, беа меѓу 3.700 луѓе во карантин на бродот Diamond Princess во Јапонија, откако пред две недели беше сфатено дека патниците се болни.

Дејвид Абел и неговата сопруга Сали од Велика Британија, беа меѓу 3.700 луѓе во карантин на бродот Diamond Princess во Јапонија, откако пред две недели беше сфатено дека патниците се болни.

Г-дин Абел ги опиша на Фејсбук симптомите што ги доживеал:

– Стигнавме во болница во Јапонија пред неколку часа. Јас скоро се онесвестив на влезот. Се отвори секоја пора на моето тело, па ме доведоа во собата во инвалидска количка. Само што не започна целосната здравствена анализа, сфативме што навистина се случува – рече Дејвид Абел, додавајќи: „Јас и мојата сопруга бевме преладни и не бевме свесни за тоа но тоа не доведе веднаш до пневмонија. И двајцата сме заразени со коронавирус. 

Брачниот пар го пропушти авионот кој превезуваше 70 Британци чии тестови се покажаа негативни за коронавирусот. Авионот летал од Токио директно во базата на Министерството за одбрана во близина на Салисбери.

Г-дин Абел истакна дека, по третманот, анализите за двајцата треба да покажат дека тие биле негативни трипати пред да патуваат дома.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.