Владиниот функционер Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност при што е направена штета во буџетот за речиси 800 илјади евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 април, 2022 18:48

Сдсм пропадна – блиските пријатели на Заев завршија в затвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изутрината, Јавното обвинителство во соопштение посочи дека е издадена наредба за истрага против двајца хрватски државјани и еден македонски висок функционер во Владата кој е првоосомничен и дека за нив од Судот побарале да им изрече мерка притвор.

Владиниот функционер Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност при што е направена штета во буџетот за речиси 800 илјади евра.

„Во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба, првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што, со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани“, се вели во соопштението на Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести