Пејачката рече дека е среќна исто како првиот пат кога се породи со својот прв син Јаков.

Објавил: admin@magazin | 25 јануари, 2020 16:39

Сека Алексиќ излезе од болница: Откри на кого личи вториот син Јован и како се чуствува(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Foto: ATA images магазин.мк

Околу 11 часот, Сека Алексиќ, придружувана од сопругот Вељко Пиљикиќ, излезе од породилното одделение, носејќи огромен букет цвеќиња и балони во рацете.

Пејачката рече дека е среќна исто како првиот пат кога се породи со својот прв син Јаков.

Околу 11 часот, Сека Алексиќ, придружувана од сопругот Вељко Пиљикиќ, излезе од породилното одделение, носејќи огромен букет цвеќиња и балони во рацете. Foto: ATA images

Јован личи како Вељко, се надевам дека ќе се смени, рече Сека пред новинарите.

Треба да се навикнам сега, јас сум мајка на две деца. Не можам да дочекам да си одам дома да го видам мојот син, како ќе реагира, тоа прва средба со неговиот брат.

Сега ќе одморам малку, а потоа одам во студиото да го снимам албумот, ќе го издадам во април, рече Сека. Потоа откри како реагираше Јаков кога дозна дека доаѓа бебето.

„ Неговата реакција беше одлична, сите бевме возбудени.

Познатата српска пејачка Сека Алексиќ на свет го донесе второто синче Јован. Таа по втор пат се реализираше во улогата на мајка.

 

Сега ќе одморам малку, а потоа одам во студиото да го снимам албумот, ќе го издадам во април, рече Сека. Foto: ATA images

Сека се породи пред време, па поради тоа планираното име Исак, остана за друга прилика.

Имено, пејачката пред неколку месеци го откри полот на бебето, односно откри дека очекува момче и дека за синот го одбрале синот Исак.

 

Сека Алексиќ е српска пејачка, родена во Зворник, Босна и Херцеговина. Денеска живее во Стара Пазова со нејзиниот сопруг Вељко со кои ги имаат синовите Јаков и Јован.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.