Река на кампања во скопски села

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2019 11:23

Села: ДУИ е Амди Бајрам категорија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, поддржувајќи ја кандидатурата на Блерим Река рече дека Река ги почестил сите Албанци бидејќи со овој концепт на секој Албанец му се нуди можноста за застапеност. Тој потенцираше на „вистинските“ Албанци, а не на оние, алудирајќи на ДУИ, кои се од калибарот на Амди Бајрам.

Не мислам на тие Албанци кои не се чувствуваат Албанци, туку за Албанците кои се родени и пораснати со татко и мајка Албанец, рече Села.

 Ако сакате да ги тестирате тие албански партии што се на власт колку се искрени во тоа што го прават, поканете ги да дојдат тука пред вас рамо до рамо со Стево и да ви ги бараат гласовите, но тие не можат да излезат пред вас. Тие го прават оваа само за власт и влегуваат во истата категорија со Амди Бајрам, рече Села.

Блерим Река ја потенцираше важноста од масовно излегување на гласање, без оглед на партиската припадност и дека со нивниот глас покажуваат дека не се анонимни 20 отсто од гласачите.

Другите нудат конзенсуалност, што на албански значи зделка, но за жал тие ѝ даваат приоритет на зделката со соседот, додека во нашиот случај се работи за зделка меѓу браќа од иста крв. Двајцата лидери на опозициските партии склучиле завет за да поддржуваат еден абански кандидат и со ова тие докажуваат дека се за факторизирање на албанските гласови, нагласи Река.

Лидерот на Дижењето Беса, Биљал Касами на средбите рече дека го поддржуваат Река бидејќи силно веруваат во концептот на една држава или „Република за сите“, но и дека оваа е единствениот пат што ќе ја направи Македонија држава со европски вредности.

Гласајќи за професор Блерим Река, Македонците ќе имаат шанса да докажат дали се за држава што ќе биде рамноправна, како за Македонците, така и за Албанците. Ние јавно им велиме дека без рамноправни Албанци во водењето на државата иднината на Македонија ќе биде несигурна, нагласи Касами.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика