Според Села, предлогот на ДУИ излегол по анкетите на ИРИ, според кои, како што кажа Села, ДУИ бил зад Алијанса за Албанците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 16:29

Села за МИА: Али Ахмети и ДУИ се факултативни, сезонски Албанци!

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци. ДУИ преку предлогот Албанец премиер сака да опстои и да ги задржи гласачите што ги имаше, со што загубата на изборите да не им биде голема. Ова во интервју за МИА го изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, прашан да ја искоментира изборната стратегија на ДУИ за премиер Албанец.

Зијадин Села ( роден во 1972 во Ливада, Струшко) — градоначалник на Општина Струга во периодот 2013–2017 година. На локалните избори во 2013 Села го победил заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочовски со околу 5.000 гласови разлика. По изборните резултати имало 15 жалби од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, но комисијата прифатила само две кои не влијаеле врз конечниот резултат.
Една од првите негови мерки по преземањето на градоначалничката функција било уривање на сите дивоградби сместени долж кејот на реката Црн Дрим. На парламентарните избори 2016 година коалицијата предводена од него, Алијанса за Албанците, учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.

– Мислам дека не е првпат, ова јас го предвидував и најавував за време на локални и претседателски избори. Тогаш ние поддржавме кандидат Албанец за претседател, a Али Ахмети тогаш се шегуваше со нашиот предлог, иако целта наша беше албанските гласачи да ги држиме во албанските политички партии. Од друга страна, јас уште тогаш имам најавено дека ќе ги гледате овие факултативни Албанци. Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци, кога на локални избори не им пречи со Љубе Бошковски или со кој било  да одат заедно и да се повикуваат на граѓанството. На претседателските избори, бидејќи знаеја дека длабоко ќе губат на тие избори ако излезат со нивен кандидат, правеа кампања и во првиот круг го поддржаа кандидатот на СДСМ. Уште тогаш најавив дека кога ќе дојдат парламентарните избори тие веднаш ќе станат големи патриоти, што не се. Ниту големи Албанци, не се, оцени Села за МИА.

Според него, предлогот на ДУИ излегол по анкетите на ИРИ, според кои, како што кажа Села, ДУИ бил зад Алијанса за Албанците.

– Тоа го натера Али Ахмети да излезе со овој предлог, ама и не е првпат. Паметите ли во 2014 кога Али Ахмети излезе со идејата за консензуален претседател, тоа беше единствена можност Албанците да бојкотираат, а кога си на власт да можеш да го контролираш за да не излезе, за да победи Иванов уште еден мандат. И две недели после тоа беа парламентарните избори. ДУИ тие две недели зборуваше и ветуваше Али Ахмети дека ние веќе кога немаме премиер и претседател што во државата не е консензуален, ние нема да попуштиме со претседателот на Собранието да биде Албанец. Што се случи, одма после изборите пак се гушкаа со Груевски и со ВМРО, и дури и правеа натпревар со ДПА, кој прв ќе го гласа Трајко Вељановски за спикер на Собранието. И на прашање на новинар зошто ги лажеше Албанците, Али Ахмети рече „јас сум разумен политичар“, рече Села.

Тој, вели Села, уште е разумен политичар, ама, како што рече, вака си прави игри пред гласачите и го крева адреналинот кај Албанците за да придобие што повеќе гласови. -Од друга страна, за жал во неговата намера му помагаат и двете македонски партии, за нив прилагоден партнер би бил ДУИ, оценува Села за МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести