Претседатеот на Албанската партија која постои само за Албанците Беса, Билал Касами на средбата со премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јануари, 2019 13:35

Села и Касами кон Заев, или избриши го „македонско државјанство„ или не гласаме ЗА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседатеот на Беса, Билал Касами на средбата со премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството, а втор официјален јазик на цела територија на Македонија да биде албански.

Истите барања се и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да има други промени во Уставот, освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа.

Биљал Касами е политичар и претседател на партијата Движење Беса кое освен „правата на Албанците„ нема никаква Економска програма во својата платформа. Завршил економски студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2000, а во следните четири години работел во царинската управа на Република Македонија. Во периодот 2004–2006 бил државен секретар во министерството за економија како член на ДУИ, но потоа се вратил во царина каде останал две години. Касами ја напуштил ДУИ во 2008 и се зачленил во Нова Демократија, која згаснала во 2011 по неуспехот на парламетарните избори одржани истата година.

Пред неколку месеци Билал Касами на прес конференцијата, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Уставни промени, туку реални барања за правата на Албанците.
Премиерот Зоран Заев пред два дена оствари средба со, Касами, за да бара поддршка за уставните измени. По нивната средба од Владата немаше многу детали и коментари на оваа тема, освен дека ќе се одржи уште еден состанок помеѓу нив.

Албанската опозиција претставена преку БЕСА на Биљал Касами и Алијансата за Албанците на Зијадин Села ја условуваат поддршката на уставните измени со неколку барања, пред се бришење на зборот „македонско“ од државјанството кое со договорот со Грција беше дефинирано како „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“.

Ваквиот услов на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев ја испорачал и Касами, кој воедно бара и наведување на Албанците како дел од дијаспората, како и неколку други барања поврзани со албанскиот јазик да стане уставна категорија, на што истовремено инсистира и Села.

Инаку, овие две партии имаат се на се четворица пратеници, без кои не може да се обезбеди потребното мнозинство од 80 пратеници во последната фаза на усвојувањето на уставните амандмани согласно Преспанскиот договор, доколку, се разбира, власта не успее да обезбеди дополнителни четворица пратеници од опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика