Американските претставници во Северна Кореја започнаа разговори за подготовка на самитот

Објавил: Македонка Димкин | 27 мај, 2018 17:57

Сепак ќе има средба Трамп со Ким

Фото/Текст извор: ©Вашинтонпост

Група американски официјални претставници денеска отидоа во Северна Кореја да започнат разговори за подготовката на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун.

Угледниот весник, Вашинтон Пост се прозива на високи службеници на Американската Влада

И списанието “Политико” објави дека тимот, составен од 30 претставници на Белата куќа и Стејт департментот, се подготвуваат да заминат во Сингапур подоцна овој викенд.
Ројтерс претходно оваа недела објави дека тимот треба да разговара за агендата и логистичкиот самит со претставници на Северна Кореја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.