„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка …

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 август, 2019 18:15

Сергеј Варошлија со трогателна порака му го честита роденденот на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото 1тв

Познатиот македонски водител Сергеј Варошлија со трогателен статус на Фејсбук реши да му го честита 33тиот роденден на Боки 13 кој моментално се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.

Фејсбук статус на Варошлија за роденденот на Боки 13

„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка …

Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака! Еден од ретките кои искрено се грижеше , бореше и интересираше за сите, а “сите” наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше “што, како, зашто…” заслепени од тие “прашања” не можеа да ја видат неговата суѓтина и човечност пред се ! Но не за џабе викаат “човек на човек му е огледало”!

Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната “се проаѓа” битно да си ми жив и здрав

П.с Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија- пишаа во овој период, вие знаете кои сте !

И на овој пост нема да толерирам негативни коментари на мојот профил“-напиша Сергеј !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести