За една година да се зголеми старосната граница за пензионирање ќе предложи Бизнис заедницата

Објавил: Данаил Михајловски | 4 октомври, 2018 20:17

Се бара зголемување на старосната границата за пензионирање

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За една година да се зголеми старосната граница за пензионирање ќе предложи Бизнис заедницата. Ова доаѓа откако новиот Стратешки план на ПИОМ покажа дека дупката во Фондот ќе се продлабочува. Тој минус ќе мора да се покрие од државниот буџет, пренесе Сител.

Минимално зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив. Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.

Бошков вели дека веќе е намалено нивото на одржливост на пензискиот фонд.

Доколку се зголеми бројот на пензионери до 2020 на 335 или 337 илјади, тогаш тие 550 милиони што се трошат во моментот за помал број на пензионери ќе се зголеми, вели Бошков.

Според планот, бројот на пензионери за три години ќе се зголеми за 15 илјади, и ќе изнесува над 335 илјади. Со тоа ќе се зголемат и трошоците за пензии. Годинава по овој основ треба да се исплатат 880 милиони евра, а во 2021. – една милијарда евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести