Според него, од денес во Италија започнува „соживот со вирусот“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 мај, 2020 16:50

СЕ ВРАТИ ЖИВОТОТ ВО ИТАЛИЈА: После два месеци луѓето излегоа на улиците- еве како изгледаат градовите (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Италија, првата европска земја што воведе општи карантински мерки во борбата против вирусот корона, денес, по два месеци изолација, започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки, што ќе овозможи околу 4,4 милиони луѓе да се вратат на работа.

Почетокот на имплементацијата на новите мерки Италија ги дочека податоците дека бројот на луѓе кои страдаат од вирусот се намалува, со најмал број на жртви во последниот месец – 174.

Новата уредба на италијанската влада ќе стапи на сила во наредните две недели, што ќе биде „пробен период“ за понатамошни одлуки во управувањето со кризата со вирусот, а доколку продолжи со позитивниот тренд со епидемиолошките податоци, ќе следи понатамошно олабавување на мерките.

„Тоа ќе биде нова страница што ќе ја отпечатиме заедно, со доверба и одговорност“, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте на социјалните медиуми вчера објавувајќи ја имплементацијата на новите мерки.

Според него, од денес во Италија започнува „соживот со вирусот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.