Адвокатите на двајцата осудени рече дека овие докази до сега ги нема добиено а Рускоска возврати дека не е точно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јануари, 2020 11:25

Се презентираат докази против Јанева и Јовановски- Боки бара да му биде вратена гардеробата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во обвинителството обвинителката Вилма Рускоска на УСБ ги презентира доказните материјали против обвинитетите Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Судењето за случајот Рекет денеска е во нова фаза, презентирање на доказни материјали. 

Адвокатите на двајцата осудени рекоа дека овие докази до сега ги немаат добиено на што Рускоска возврати дека не е точно.

-Им беа пуштени доказите со доставување на обвинението иако на тоа не сме должни. Денеска ли видоа дека ги немаат? Можеби некој доказ сме испуштиле да скенираме, но на паузата и тоа ќе им биде доставено, изјави Рускоска.

Првиот дел од доказите се однесуваат на наредбата за претрес на домовите на Јанева и Јовановски како и за одземениот телефон на девојката на синот на специјалната обвинителка.

Исто така во судот денеска адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски побара од Обвинителството да се врати луксузната гардероба која беше одземена од домот на Боки 13.

Воедно Сашо Дкоуковски рече дека не се запознаени што конкретно е одземено при претресот во домот на Боки. Тој објасни дека во објаснувањето на Обвинителството само е наведено дека се одземени вреќи со гардероба, но не и за каква конкретно и од кои марки.

Обвинителката Вилма Русковска објасни дека кога ја одземале гардеробата тоа било невозможно да се направи.

-Кога гардеробата се предаваше во агенција за одземенен имот наведено е за какви марки се работи, вели Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести