Според Европскиот центар за сеизмологија, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени, со епицентар 10 километри југоисточно од Билишта.

Објавил: Перо Милчин | 31 јули, 2019 18:03

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени, почуствуван во Корча, Албанија(видео)

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Попладнево силeн земјотрес бил почувствуван во албанскиот град Корча и околните области.

Земјотресот бил со јачина од 4,4 степени, со епицентар 10 километри југоисточно од Билишта. Како што јавува албанската телевизија А2, нема, информации за материјална штета или повредени лица.

Балкан веб објави и видео на кое се гледаат жителите од Корча како трчаат надвор од нивните домови.

Горица или Корча е град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија.

Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Високуќи (Виткуќ), Воскоп и Москополе, кои станале општински единици.

Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала 805.99 км2. Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.

Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...