Доколку мене изберете јас ќе се одбидам да го спроведам не само моето туку и она што го кажаа многумина кандидати

Објавил: Македонка Димкин | 16 февруари, 2019 15:34

Силјаноска: Миладинов пееше за т’га за југ, за жал она што беше за него југ  за нас стана север!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јас нема да читам, јас секогаш моите мисли го зборувам. Самиот факт што јас денес сум овде е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е на добар пат со своите реформи и ја прифати мојата кандидатура како непартиски член, рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјаноска

За мојата биографија нема многу да кажам тоа можете да го прочитате, но мојот татко бил член на косовскомакедонската ударна бригада, тој не се борел за Република Северна Македонија туку за Македонија

Зошто сум против бојкот за претседател, ако сега не излеземе  на избори, и не одбереме вистинска личност , тогаш  некое идно бирање на претседател на Македонија е ставено во опасност, бидејки сакаат истото да го прават во Собранието со  закон со 2/3 мнозинство.

За мене не е  нормално да имаме 28 министерства а во една Швајцарија да им само седум, и тоа ќе треба да го промениме

Ако мене ме изберете ќе формирам експерстски тим за низ призма на уставоното право да го отвориме прашањето за Република Македонија пред меѓународните судови и институции. За мене е владеењето на правото врвната цел. Сите народи имаат право на смооопределување.

Нашите претседатели се обраќаат само еднаш во собрание, јас нема да правам така, јас ќе се обраќам секогаш кога ќе има прблем, и тоа нема да биде обраќање само до пратениците туку и до граѓаните, така граѓаните секогаѓ ќе го слуѓнат и вистинскиот проблем

Констанитин Миладинов пееше за тага за југ, за жал она што беше за него југ  за нас стана север

Доколку мене изберете јас ќе се одбидам да го спроведам не само моето туку и она што го кажаа многумина кандидати

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести