Смртта на четиричленото семејство на Кристи Реци, свршеницата на едниот од синовите на албанскиот премиер Еди Рама, Грегор Рама, во земјотресот во Драч, ја погоди целата јавност во регионот, а Грегор го стави во фокусот на интересот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 13:04

Синот на Рама скршен од болка- смртта на свршеницата не му е единствената голема загуба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија загина Кристи Реци, свршеницата на поголемиот син на премиерот Еди Рама, Грегор а веста буквално го погоди целиот Балкан.

Иако нивниот татко е премиер сепак децата на Еди Рама не сакаат да се експонираат . Она што се знае е дека Грегори и неговата свршеница Кристи биле заедно околу три години а познато е и дека ова не е прва загуба на Грегори. 

Тој е син на Еди Рама од првиот брак со актерката Матилда Макоци за која секогаш потенцирал дека е „личноста која најмногу ја сака“.

Меѓу 50 те  жртви во Туман во Албанија е и свршеницата на поголемиот син на премиерот Рама, Грегори.

Инаку Грегор Рама дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Тирана, како и неговиот татко Еди Рама кој по професија е сликар но и неговиот дедо, кој е познат албански скулптор. Грегори има 30 години а јавноста го запозна за време на кампањата за парламентарните избори во 2013 година, кога Рама објавил 15-минутен документарен филм,  „Рама за иднината“.

Рама во документарецот открива дека најтешко му било кога на неговиот син му бил дијагностициран карцином.

Морав да влезам длабоко во себе за да најдам сила да се смеам, да комуницирам и да ја завршувам мојата работа. Ноќите беа полни со солзи. Бевме соочени со голема непознаница која еродираше во сите нас, рекол Рама.

Во спотот на Рама зборува и неговиот поголем син кој сега е мета на медиумите поради загубата на својата свршеница. Тој раскажува како Еди му помогнал да го победи туморот на тестисите.

Дијагнозата ја добив кога бев кај вујко ми во Америка. По експериментална хемотерапија, бев излекуван. Татко ми ја користеше својата страст, кошарката, за да ми објасни како да ги надминам тешкотиите, открил тој.

Рама го посетувал својот син редовно додека бил на лекување во Америка, особено во 2009 година кога му се влошила состојбата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.