Страшна сообраќајка

Објавил: Узунов Бобан | 5 септември, 2019 10:54

Синоќа моторџија на Илинденска прегазил четворица пешаци, една жена се бори за живот !

Фото/Текст извор: ©магазин

50-годишна жена се бори за живот на КАРИЛ, а нејзината 75-годишна мајка е во стабилна состојба, исто така, примена на КАРИЛ, откако синоќа моторџија удрил на пешачки премин четворица пешаци на булеварот Илинден во близина на гимназијата „Орце Николов“, велат од Клинички центар.

Од болницата „8 Септември“ велат дека 50-годишната жена првин била примена кај нив во критична состојба со повреди на главата, рбетот и градниот кош, а потоа пренесена на КАРИЛ. Нејзината мајка има крвавење на главата. Другите двајца пешаци се лекуваат во болницата „Св. Наум Охридски“.

Моторџијата бил донесен на Ургентен центар со лесни повреди и пуштен на домашно лекување. Од полицијата најавија повеќе детали за сообраќајната несреќа во текот на денот, а според првични информации, станува збор за 38-годишник.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести